Организација „4х4х4 Балкански Мостови Скопје“ организира тркалезна маса на 17 јуни 2010, од 10.00 до 14.00, во Скопје, Хотел Континентал, под мотото „Медиумите и екологијата – вчера, денес и утре“.

Целта   на тркалезна маса е;

  • да се промовираат БЕЛЛС стандардите за медиумите – аналитички и истражувачки написи и стории…
  • поттикнување на градење на еко код на известување (завземање заеднички став по одредени прашања врзани за екологијата како во Национална така и во  Регионална медиумска рамка…)
  • како можеме и дали можеме да вметнеме повеќе “зелени“ наслови во печатените и електронските медиуми…

На тркалезната маса покрај претставниците од печатените и електронските медиуми, поканети се и членовите на Парламентот, Владата, Министертвото за животна средина, експерти, претставници на Европската комисија, УСАИД, УНДП, УНЕП, како и поголем дел од „зелените“ невладини организации.

На средбата ќе се презентира и дел од нивното независно истражување спроведено во рамките на РЕА_БЕЛЛС проектот со цел да се слушнат ставовите на граѓаните и нивните официјални претставници за темите од заштитата на животната средина, како и резултатите за степенот на информираност по основ на оваа тема.

За сите подетални информации како и потврдите – пријавите кои треба да стигнат најдoцна до 16.06.2010 (среда ) може да ги доставите и контактирате Душко Христов – 070/ 343 636, 4x4x4bb@gmail.com; skopje@bellsmovement.org или проектниот асистент Катерина Димитровска  – kate4x4x4bb@gmail.com, 02/ 61 21 337

Leave a Reply

Барај
Архива